Македонската фудбалска репрезентација утре вечер се соочува со Англија на последниот натпревар од квалификациониот циклус за ЕУРО 2024. На првиот натпревар Англија победи со 7:0 во Манчестер, но што да се направи за овој резултат да не се повтори и во Скопје.
Голманот Столе Димитриевски вели дека натпреварот ќе биде тежок но додаде дека посакуваат да докажат дека неуспехот од 7:о во Манчестер не е реален резултат.
Резултатот од овој натпревар не одлучува ништо, бидејќи Англија веќе се квалификуваше а Македонија ги загуби сите шанси. Иако Македонија претрпе неколку длабоки порази како тој со Англија од 7:0 и со Италија од 5:2, Милевски се надева дека и натаму ќе остане селектор на Македонија.
Средбата Македонија-Англија ќе се одигра во понеделник на арената Тодор Проески, со почеток во 20:45 часот.