Во Русија рекорден број на заразени, скоро третина од Москва

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Рекордни 17.347 случаи на коронавирус се регистрирани во Русија во последните 24 часа, од кои скоро третина се регистрирани во Москва, соопшти денеска Националниот центар за борба против вирусите на корона.

Во истиот период, 219 лица починале како резултат на вирусот. Од почетокот на пандемијата во Русија, вирусот „ковид-19“ заразил 1.531.224, а починале 26.269 лица.

Според центарот за борба против вирусот корона, бројот на нови случаи на вирус на корона во Москва се зголемил за 5.224, со што вкупниот број на заразени се искачи на 401.040.

Во изминатите 24 часа беа забележани 62 смртни случаи во главниот град на Русија.