ВМРО-ДПМНЕ во сабота ќе го одржи 18-тиот партиски Конгрес на кој ќе се бира претседател на партијата.
Засега единствен кандидат е актуелниот лидер на партијата Христијан Мицкоски. Пред неколку дена Мицкоски во интервју за „360 степени“ изјави дека ова ќе биде неговата последна кандидатура за претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
На конгресот ќе има 860 делегати и околу 1800 гости. Ќе биде избрана и Статутарна комисија, како и Комисија за надзор на финансиско работење.
Воедно, според најавите, на Конгресот ќе биде усвоен документ Стратегија Македонија 2030-та, кој ќе биде на некој начин насока во која ќе се движи ВМРО-ДПМНЕ како владејачка партија.
Главните столбови од стратегијата ќе бидат презентирани на Конгресот.
