Шефот на американска организација за заштита на сириските интереси изјави дека пронајдената масовна гробница надвор од Дамаск, има тела на најмалку 100.000 луѓе убиени од поранешната влада на соборениот претседател Башар ал-Асад, пренесува Ројтерс.
Муза Мустафа изјави дека локацијата во Ал Кутаџфа, 40 километри северно од главниот град на Сирија, е една од петте масовни гробници кои биле идентификувани со текот на години.
„Сто илјади е најконзервативна проценка за бројот на тела закопани на местото“, рече Мустафа.
Тој кажа дека е сигурен дека постојат повеќе гробници, а меѓу жртвите покрај Сиријци, има и Американци, Британци и други.
Се проценува дека стотици илјади Сиријци се убиени од 2011 година, кога задушувањето на протестите против неговото владеење од страна на Асад се претвори во граѓанска војна.
Асад и неговиот татко Хафез, кој му претходеше како претседател и почина во 2000 година, се обвинети од Сиријците, групите за човекови права и другите влади за широко распространети убиства, вклучително и масовни егзекуции без судење во озлогласениот затворски систем во земјата.
🚨 BREAKING:
Tens of thousands of mass graves discovered in Syria.
Many of the bodies were children.
Our greatest fear has been confirmed:
99% did not survive the Assadist extermination camps.pic.twitter.com/d8fogqvWpd
— Umar Qadmiri (@UmarQadmiri) December 12, 2024