Скопје во сабота ќе биде домаќин на посебен настан посветен на „Веспа“, по повод 80-годишнината од постоењето на овој иконски италијански скутер. Настанот ќе се одржи на паркингот пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“, од 12 до 22 часот.
Посетителите ќе имаат можност да видат уникатни и ретки модели на „Веспа“, како и олдтајмери од италијанските брендови „Фиат“ и „Алфа“. Во програмата се предвидени и натпревари во три дисциплини: вешто возење, бавно возење и трка на 60 метри.
Покрај спортските активности, ќе има италијанска храна, кафе, музика со пет диџеи, како и двочасовен настап на Kali & Guru Hare Band.
На настанот се очекува да учествуваат околу 40 до 50 натпреварувачи, клубови на „Веспа“ од Скопје, Прилеп и Дебар, како и претставници од Србија. Се очекува да присуствува и италијанскиот амбасадор во земјава.
Организаторите од Vespa Club Скопје велат дека имаат цел настанот да прерасне во традиција.
