На скопскиот спортски аеродром се вршат обуки за летање.
Двајца пилоти во два авиони полетаа за да го истражат и снимат просторот односно патеката, бидејќи утре ќе се одржи натпревар.
Што е важно за пилотите и како се одржуваат натпреварите, објаснува претседателот на Комисијата за летање, Јован Трајков.
Вели дека станува збор за доста скап спорт и немаат поддршка од државата. Поради тие причини, како што додаде, нема млади кои се заинтересирани, а најмладиот пилот има 30 години.
Инаку овие натпревари се организираат од Аероклуб Скопје, кој ги користат слободните денови или празниците за да одражат натпревари. Трајков извести натпревари имало во Штип, а сега ќе се одржат во Скопје, потоа во Прилеп, Струмица и на крајот во Куманово.
