Во Скопје се одржа атлетска трка со специјален протокол за заштита од Ковид-19

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Мицкоски на средба со Орбан и други политичари од регионот и Европа – ќе лобира за ЕУ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и партискиот потрпетседател Николовски во следните неколку дена ќе остварат дипломатски посети и средби...

Регистрирани 190 нови случаи на Ковид 19 – починати се 6 лицa

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1530 тестирања, а регистрирани се 190 нови случаи...

Бројот на жртвите од земјотресот во Индонезија се искачи на 82

Индонезиските спасувачи извлекоа повеќе тела од урнатините на куќите и зградите уништени од силниот земјотрес денес, а бројот на...

Руски брод потона кај Турција: Двајца загинаа, 5 спасени морнари! (ВИДЕО)

Најмалку пет лица беа спасени, а две загинаа откако 13-член руски товарен брод потона денес покрај брегот на турската...

Хорор во Карпош: Ја заклучувал малолетната ќерка – МВР упадна во станот

На 15.01.2021 полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош, по претходно добиени сознанија и со наредба од истражен...

Во Скопје денеска првпат се одржа трката ХалкЕко Хронометар 10KM. Трката се одржа на кејот на реката Вардар. Учесниците стартуваа од стартната позиција под мостот „Гоце Делчев“ и трчаа до вливот на реката Лепенец во Вардар, каде што завртеа полукружно и се вратија назад до местото од каде што почна трката.

-Денеска покажавме и ние како организатори и тркачите како учесници, дека и во вакви услови на пандемија, кога се преземени сите мерки и протоколи во согласност со препораките на Комисијата за заразни болести, можеме да функционираме. Голема благодарност до сите учесници, сите партнери кои беа со нас, изјави Кире Синадиновски, директор на трката.

Трката ХалкЕко Хронометар 10KM беше спроведена со специјален протокол, претходно одобрен од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и од Главниот координативен кризен штаб. 

Требаше да се одржи минатата сабота на 13. јуни, но во последен миг беше пролонгирана за денеска. Учесниците еден по еден влегуваа во поставените паравани каде најпрво им беше мерена температура, потоа ги дезинфицираа рацете, па ги симнуваа маските, и на секои 30 секунди тргнуваше по еден учесник.

При завршување на трката на секој учесник повторно му беа дезинфицирани рацете, самите си ги земаа медалите за завршената трка и подароците, потоа им следуваа маски, при што излегуваа од параваните.

На секој учесник посебно му се мереше времето со чипови, односно од времето на тргнување, па до завршување на трката од 10 километри.

Оваа трка веројатно ќе биде пример како ќе се одржуваат атлетските трки низ улиците во следниот период поради пандемијата на Ковид-19.

На трката учествуваше и нашиот колега од ТВ21, Горан Бошев.