Цените на производите во Словенија паднаа во просек за 1,2% во однос на април 2019 година, и за 0.9% во однос на март оваа година, соопшти заводот за статистика на таа земја.
И годишната и месечната стапка на дефлација главно се резултат на падот на цените на нафтените деривати на светските берзи.
Пониските цени на дериватите додадоа 1,2 процентни поени на годишна дефлација, а поефтинувањето на струјата за 2,5% дополнително ја намалило цената на потрошувачката кошничка на годишно ниво.
За една година цените на услугите се зголемиле за 1,5%, додека цените на производите паднале за 2,6%.
