Во страв од третиот бран на пандемијата пристигна предупредување: „Носете маски на Божиќниот ручек“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Светската здравствена организација (СЗО) ги повика Европејците да носат маски на семејни божиќни собири, објави Би-Би-Си во средата.

Со оглед на тоа што стапката на пренесување на коронавирус во Европа останува висока, СЗО предупредува на „високиот ризик“ од нов бран пандемијата на почетокот на 2021 година.

Земјите низ европскиот континент бележат илјадници нови случаи и стотици смртни случаи секој ден.

СЗО ги повикува поединците, семејствата и заедниците да покажат одговорност на прославата на Божиќ и со своето однесување да придонесат за спречување на друг бран на инфекции.

„Можеби е невообичаено да носите маска и да одржувате физичко растојание кога сте во кругот на семејството и пријателите, но со тоа давате значителен придонес за одржување на сите здрави и безбедни“, се вели во соопштението на СЗО.

Германија е една од земјите што има строг режим на ограничувачки мерки од средата, вклучително и затворање на училишта и градинки и сите продавници и компании кои не се неопходни за секојдневниот живот.

Во меѓувреме, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен објави дека првата вакцина против КОВИД-19 ќе биде одобрена за една недела.

Европската агенција за лекови (ЕМА) во вторникот објави дека го одложи состанокот на кој треба да се донесе одлука за одобрување на вакцините Pfizer и BioNTech една недела порано. Средбата ќе се одржи на 21 декември наместо на 29 декември.