Во тек е справување со пожарот во Богословец – на терен пожарникари, полиција и доброволци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Доброволното противпожарно друштво од Свети Николе биле повикани од службите за да помогнат во гасењето и справувањето со пожар кој е лоциран на Богословец.

„Веќе неколку часа сме на терен, но сега е дислоциран во уште едно место, односно во штипската област каде што треба да се справиме со уште еден пожар. Сега допрва треба да одиме на терен и да видиме што се случува“, посочи Александар Данев од друштвото.

Тој вели дека на Богословец моментално се на терен противпожарната служба, шумската полиција и доброволци од Свети Николе.

„Во тек е справување со огнот и во ноќни услови. Дел од селото е опожарено, шумско подрачје и тревните површини“, додава Данев.