Во текот на летото во Франција се регистрирани 7.000 дополнителни смртни случаи поради топлотниот бран

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Француската министерка за здравство, Стефани Рист, денеска изјави дека во текот на топлотните бранови што ја погодија земјата ова лето, до крајот на јули, биле регистрирани околу 7.000 дополнителни смртни случаи.

Како што посочи таа, конечните податоци ќе бидат достапни во наредните недели, пренесува „Фигаро“.

Националната здравствена агенција проценила дека само во периодот од 17 јуни до 2 јули имало 5.764 дополнителни смртни случаи.