Во текот на ноќва и утре не очекува засилен северен ветер – врнежите од дожд ќе преминат во снег

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

УХМР информира дека поради продор на студена воздушна маса во текот на ноќва и утре претпладне ќе дува засилен северен ветер, а врнежите од дожд ќе преминат во снег и во некои од пониските места. Повремени слаби врнежи од снег се очекуваат и во делови од Скопската котлина.

Во западните делови ќе се формира нова снежна покривка.

Во среда и четврток ќе настапи разведрување и утринските температури насекаде ќе се спуштат под нула и ќе бидат во интервал од -9 до -2 степена.