Во Тетово денеска марш во чест на жртвите од пожарот во модуларната болница

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Фановите на прволигашот Шкендија, Балисти денеска со почеток од 13.30 часот ќе маршираат низ улиците на Тетово за жртвите во катастрофалниот пожар.

Голема трагедија го погоди Тетово откако вечерта на 8. септември се запали модуларната ковид болница во овој град која однесе 14 животи.

Маршот ќе започне од централниот плоштад во градот под Шара, а ќе продолжи низ главните улици на Тетово. Се очекува на маршот да им се приклучат и други граѓани.