Средните училишта во Тетово ги промовираа своите наставни насоки, но малиот број ученици е причина дека средните училишта да немаат доволно ученици.
Во средното стручно текстилно училиште „Ѓорче Стојчевски“ во учебната година што ја оставивме зад нас имаа околу 108 ученици помалку. Поради оваа причина, Музафер Ливорека вели дека годинава формирале групи за да ги информираат основните училишта кои насоки ги имаат во училиштата.
„И покрај тоа што сакаме нови насоки, интересот за стручната школа е мал. Знаејќи дека произведуваме многу работи и произведуваме ученици кои се родени за дизајн на текстил или други насоки, и гледајќи дека родителите многу малку ги интересира она што се нуди во нашето училиште, можам да кажам дека за насоките во нашето училиште интересот е мал. Лани имавме 108 ученици помалку, ако сега имате минус 108 ученици, замислете што ќе се случува за пет години“, вели Музафер Ливорека.
Но, состојбата не е иста во економското средно училиште. Од таму велат дека се зголемува бројот на ученици во ова училиште.
„Како училиште имавме постојан раст, се уште не сме имале пад. Во последните четири-пет години имаме пријавено поголем бројученици. Во училиштето имаме пријавено вкупно над 1200 ученици, но недостигот на полуматуранти влијае. Се надеваме дека и оваа година ќе имаме ист број и нема да имаме намалување на тој број“, вели Мирјета Иљази.
Полуматурантите што ги анкетиравме избраа различни насоки, како медицина, дизајн и други. Се надеваат дека со овие насоки побрзо ќе најдат работа и ќе заминат во странство.
„Сите средни училишта се добри, но ми се допаѓа медицината и сакам да продолжам, мислам да заминам и во странство“.
„Ми се допаѓа текстилното училиште, ќе продолжам графички дизајн бидејќи ми се допаѓа. Мислам дека ќе продолжам на факултет, но сакам да заминам во Германија“.
„Би сакал да продолжам во општа гимназија, ми се допаѓа не само математика, но има и други бизнис насоки“.
Трендот на затворање на паралелки во основните и средни училишта во Тетово не запира. Споредено со минатата година, оваа година во основните и средни училишта се запишале 1300 ученици помалку.
