Во Тетово намалено количество вода, затворен системот на филтер станицата во Лешница

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ЈКП „Шар“ од Тетово информира до ЦУК дека поради загаденоста на водата во изворите на Лешница, системот на филтер станицата на Лешница засега е целосно затворен, градот Тетово се снабдува со намалено количество вода, а дека екипите на ЈКП “Шар” се на теренот за брзо решавање на проблемот.

Истовремено известуваат дека ќе има ограничување на водата во градскиот водовод од 13.00 до 15.00 часот и во период од 01.00 до 04.00 часот.