Во Тирана протести, во Тетово, ора – Касами вели дека опозицијата ќе излезе на улица доколку Владата не одговори

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Додека во Албанија продолжуваат протестите против поскапувањето, во Тетово атмосферата е поинаква. На оваа манифестација присуствуваше градоначалникот воедно и лидер на Движење Беса, Биљал Касами.

Новинар: Дали ќе беше подобро да имаше протест за поскапувањето од вас како лидер на опозициска партија?

„Ова е мисија, во случаи на радост и културни активности во вакви кризни времиња, вреди да го одбележуваме нашето минато и треба да се занимаваме и со сегашноста. Во консултација сме со другиот дел од опозицијата и секако дека ќе имаме соодветен одговор за општата економска криза“, вели Биљал Касами.

-Дали ќе излезе опозицијата на улица?

„Да, секако, доколку оваа влада не одговори на барањата на граѓаните, ние ќе го пренесеме нивниот глас протестирајќи“, додава Касами.

Во Македонија цената на нафтата е речиси двојно повисока а заедно со  не аи цената на прехранбените производи. Иако владата го намали ДДВ-то за нафтата, граѓаните повторно  се жалат дека според стандардот, цените се високи.