Бебе горила е пронајдено во кутија во товарниот дел на авион на Туркиш ерлајнс кој летал од Нигерија за Тајланд, објавија денеска медиумите.
Петмесечната бебе горила сега се опоравува во зоолошката градина во Истанбул, според официјални лица кои ја разгледуваат можноста да го вратат во неговото природно живеалиште, пишува британскиот весник Гардијан.
„Ние секако сакаме младенчето да го продолжи својот живот од каде што дојде. Најважно е тоа да биде безбедна средина“, рече директорот на Истанбулската служба за национални паркови и зачувување на природата, Фахретин Улу.
This baby gorilla was rescued in the Istanbul Airport after customs agents thwarted a smuggling attempt. pic.twitter.com/RH3kEounGN
— USA TODAY (@USATODAY) January 5, 2025
