Во страшната трагедија во дискотеката „Пулс“ во Кочани загина и младиот кошаркар Петар Ивановски.
Неговиот тим од КК Дино Баскет на својот профил на Фејсбук истакна дека со голема тага ја примиле веста дека нивниот соиграч Петар Ивановски е еден од жртвите.
„Тој беше голем човек со големо срце, беше голем борец и беше МВП на турнир М-14. Ја почна кариерата уште на најмала возраст, освојуваше многу трофеи и победи во рамките на клубот. Тагата е преголема, сочувство до семејството“, напишаа тие.
