Во третиот квартал превезени 9,7 милиони патници, раст кај меѓуградскиот и меѓународниот превоз

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

 Вкупниот број на превезени патници во патничкиот патен превоз во третиот квартал од годинава изнесува 9 711 000 и во однос на истиот период од претходната година е намален за 1,2  проценти, објави Државниот завод за статистика.

Според видот на превозот, бројот на превезените патници е зголемен во градскиот превоз за 0,3  проценти, во меѓуградскиот за 12,3  проценти и во меѓународниот превоз за 296 проценти, додека во приградскиот превоз бележи намалување од 6,6  проценти.

Во третото тримесечје од 2021 година, во однос на истиот период од 2020 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е зголемен за 79 проценти.. Бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 15,9 проценти, а зголемен е во приградскиот превоз за 15,8 проценти, во меѓуградскиот за 26,3 проценти и во меѓународниот превоз за 313,4 проценти.