На 11.12.2020 во 15,15 часот во Скопје на крстосницата од ул.„Босна и Херцеговина“ и ул.„Лазар Трповски“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(59) од с.Долно Свиларе,скопско и патничко моторно возило „фолксваген венто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Б.(19) од с.Арачиново,скопско. По незгодата во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ биле пренесени возачот на патничко моторно возило „венто“ Р.Б. на кого му биле констатирани тешки телесни повреди, и сопатниците во патничкото моторно возило „голф“, З.И.(32), С.С.(58) и двајца малолетниници, на кои им биле констатирани телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.
На 11.12.2020 околу 17,40 часот во Скопје на бул.„Србија“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале автобус „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управуван од И.С.(26) од Скопје и малолетен велосипедист од Скопје. По незгодата велосипедистот бил пренесен во Комплекс клиники„Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.
На 11.12.2020 во 07,40 чaсот на автопат Скопје – Велес, патничко моторно возило„форд“ со велешки регистарски ознаки управувано од Т.А.(29) од Велес изгубило контрола и удрило во метална ограда. По незгодата Т.А. бил пренесен во Општа болница Велес каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.
