Во централните делови на САД сообраќајот е отежнат, летовите се откажани поради снег и мраз

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Снег, мраз, ветер и ниски температури во централните делови на САД денеска предизвикаа опасни услови на патиштата, а во некои делови од земјата се прогнозираат најобилните снежни врнежи во последните една деценија. Гувернерите на Мисури, Арканзас и Вирџинија прогласија вонредна состојба. Снегот и мразот ги покри главните патишта во делови од американските сојузни држави Канзас и Индијана, каде што беше распоредена Националната гарда за да им помогне на заглавените возачи, пренесе АП.