Во училница максимум по 20 ученици, настава на отворено ако дозволуваат условите, задолжителна дистанца

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Владата го донесе планот за почеток на училишната година. Планот е школската година да почне на 1. октомври, а пропишани се протоколи по кои ќе се одвива наставата со физичко присуство.

Како што е познато, настава со физичко присуство ќе може да посетуваат децата од прво до трето одделение, со дозвола на родителите.

Министерот за здравство, Венко Филипче, ги соопшти протоколите за физичко присуство за училиштата.

„Отворањето на училиштата мора да биде внимателно. Сведоци сме дека секаде онаму каде што одеднаш се отворија овие установи, бројката на заразени нагло порасна. Затоа треба да биде внимателно.

Останува на сила мерката за физичко присуство само на учениците од прво до трето одделение со прифаќање од родителот.

Што се однесува до протоколите, бројката на ученици во просторија да биде најмногу 20 и да има најмалку 1,5 метри дистанца со маски. Во основните училишта доколку дозволуваат временските и другите услови, да се одвива настава надвор.

Доколку се реализира надвор, се препорачува да не се носат маски, но дистанца мора да има. Учениците престојуваат во една просторија, и се забранува менување на кабинети.

На првиот ден се води настава околу тоа како учениците да ги користат мерките. Се носи оброк од дома. Учениците го конзумираат оброкот во училницата со контрола од наставник.

Не е дозволено влегување на други лица, како лица за чистење, поправка или за храна додека се децата во училиште.

Класните раководители се грижат меѓу учениците да има дистанца како за време на часот, така и на големиот одмор.

На крајот сакам да порачам дека јас ги разбирам средношколците, но оваа состојба не е избор, туку е нужност. Ова мора да се почитува и да се разбере“, рече Филипче.