Во угостителските објекти ќе може да влезат и граѓаните кои прележале ковид-19

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче денеска посочи дека покрај граѓаните кои што примиле најмалку една доза на вакцина, на настаните кои се организираат ќе може да присуствуваат и граѓаните кои прележале ковид-19.

За тоа потребна им е само потврда.

„На сите настани на затворени и отворено, ќе биде доволно да се приложи и потврда дека пациентот бил заболен од ковид во рок од 45 дена. Тоа се оние 30 дена неопходни за поминување за вакцинација и 15 дена за организирање на вакцинацијата. Тоа е новина и дополнување на мерката“, изјави Филипче.