Во Унгарија најголем број новозаразени во последните три месеци

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во Унгарија во последните 24 часа се потврдени 6.278 нови случаи на Ковид-19, што е најголем број на новозаразени во последните три месеци.

Во истиот период од коронавирусот починаа уште 152 лица.

Од почетокот на пандемијата во Унгарија се регистрирани вкупно 446.178 заразени со коронавирусот, и 15.476 смртни случаи.