Министерот за внатрешни работи на Венецуела Диосдадо Кабело денеска изјави дека полицијата на земјата привела уште тројца американски државјани поради наводни терористички активности.
Кабело не кажа кога биле приведени, објави Ројтерс.
Венецуелските власти во септември уапсија уште четворица Американци, двајца Шпанци и еден чешки државјанин, а Стејт департментот објави дека меѓу уапсените има и еден „припадник на американската војска“.
Венецуелските групи за човекови права предупредија на нов бран апсења во Венецуела, вклучително и странски државјани.
ФОТО: Архива
