Услов за формирање на идната влада ќе бидат уставните измени, за да се продолжи европскиот пат на земјава. Ова го тврдат од Европскиот фронт и коалицијата ВРЕДИ. Но, од Вреди велат дека уставните измени ќе се спроведат по формирањето на Владата, во период од три до шест месеци. Тврдат дека досега не разговарале за услови бидејќи се уште се во предизборна кампања, а изборите не завршиле.
„Значи, се уште немаме, бидејќи не е логично. Прашајте го него. Не е логично да се каже дека има или нема услови, бидејќи се уште сме во кампања“, вели Азир Алиу.
„Се разбира, не влегуваме во Влада која нема да направи уставни измени, тоа е многу јасно.Супер е јасно.Нашата следна влада ќе направи уставни измени во рок од три до шест месеци од формирањето влада.Многу јасно го кажав тоа“, вели Арбен Фетаи.
А од Европскиот фронт се малку поодлучни. Велат дека никако не може да се формира Влада до колку претходно не се спроведат уставните измени. Ова ќе биде нивниот главен услов.
„За ДУИ и Европскиот фронт пред формирањето на Владата, главен услов за формирање на идната Влада се уставните измени“, вели Крешник Бектеши.
„Нема Влада без уставни измени, а овие нека влезат во Владата 3 месеци, 6 месеци, 18 месеци, 4 години“, вели Арбр Адеми.
Во меѓувреме, за време на претседателската и парламентарната кампања, и ВМРО-ДПМНЕ и Движењето Знам на Максим Димитриевски го изразија своето противење на уставните измени.
