Во Загреб убиена жена

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Хрватската полиција утрово излегла на терен по пријава, и затекнала мртва жена во двор во куќа во близина на местото Чрномерц во Загреб.

Според првите информации, смртта настапила како последица на казнено дело.

„Денеска, 29 ноември околу 7 часот на подрачјето Чрномерц на улицата Чрномерец во двор е пронајдено тело на женско лице. Смртта според досега утврденото е последица на казнено дело. Во тек е увид и криминалистичка истрага“, соопштија од хрватската полиција.