Во земјава стигна втората пратка од 3000 дози вакцини Спутник В

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Стигна втората пратка од 3 000 вакцини од вакцината Спутник В, наменета за ревакцинација на здравствените работници.

Ова го соопшти министерството за здравство, откако претходно немаше никаква најава за денеска дека ќе стигнат овие вакцини.

„Министерството за здравство ја информира јавноста дека денеска во 14:30 часот на меѓународниот аеродром во Скопје стигна втората пратка од руската вакцина Спутник В, наменета за ревакцинација на 3000 здравствени работници. “, велат од министерството за здравство.

Утринава стигна пратка од 24 000 вакцини од „АстраЗенека“, со кои ќе почне масовната имунизација на населението, најавено за во среда.