ВИДЕО: Припадници на ЕУЛЕКС во куќата на Хашим Таши

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Припадници на ЕУЛЕКС ги претресуваат куќите на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, шефот на пратеничката група „Самоопределување“ во Собранието, Реџеп Селими и станот на лидерот на ДПК, Кадри Весели.

Според некои медиуми, пред куќата на Тачи бил виден и поранешниот министер за правда Абелард Тахири.

Тачи и Весели од вчера се во притвор во Хаг, откако Специјалниот суд го потврди обвинението против нив во кое, заедно со други осомничени, се обвинуваат за голем низа воени злосторства на Косово.