Граѓаните на Битола денеска излегоа на протест против полициската бруталност.
Ваквиот протест следува откако пред некој ден битолчанец беше брутално претепан со клоци и пендрек од страна на полициски службеник.
Имено, во текот на вчерашниот ден министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес конференција посочи дека поднесена е кривична пријава и суспензија за полицаецот, а суспендиран е и уште еден полицаец, кој бил присутен за време на инцидентот.
