Кал по улиците на Осломеј! Тоа се должи на камионите на РЕК Осломеј кои носат јаглен од местата каде што се копа и се испраќа до местата каде што се преработува. Патиштата по кои поминуваат се неасфалтирани, па во сезоната на дождови се создава кал, која камионите ја изнесуваат на главниот пат на Осломеј каде минуваат сите села. Ваквата состојба ги натера раководителите на месните заедници на поранешната општина Осломеј да се кренат и да бараат да се исчисти патот и да се најде друга алтернативна рута за камионите.
„Во петокот имавме средба со директорите, тој ден патот не беше исчистен и порано не беше исчистен и ни ветија дека од тој ден ќе го исчистат и им дадовме рок до денеска, сега во консултација со сите раководители на месни заедници, гледајќи ја состојбата на терен, денеска го исчистија патот и во рок од три дена го исчистија и одлучивме дека во иднина доколку продолжат да не го чистат, ќе го блокираме патот“, вели Фето Фетоја.
ТВ21 побара став од РЕК Осломеј од каде ни рекоа дека ги презеле сите мерки за чистење на патот, но не соопштуваат детали дали ќе продолжи да се чисти секој ден.
„Врз основа на барањата кои ни пристигнаа од Месните заедници за одржување на регионалниот пат Кичево-Осломеј, ве известуваме дека ние како комбинат ги презедовме сите мерки за олеснување на сообраќајот на овој патен правец кој е оптоварен. како резултат на сообраќајот на возилата што носат јаглен, за да не го попречуваме движењето на граѓаните од оваа страна. Исто така, чистење на улиците редовно се врши 24 часа во текот на денот од страна на Комбинатот Осломеј. Како комбинат ние секогаш стоиме на располагање да ги слушнеме и одговориме на барањата и грижите на граѓаните кои живеат во населбите околу Комбинатот Осломеј“, вели Неџбудин Нуредини.
Покрај калта која е проблем во текот на зимата, жителите се жалат и на прашината во текот на летото. Тие бараат и да се санира патот што е оштетен од камионите и да се постави филтер во РЕК Осломеј. Предупредија дека доколку не се исчисти патот во наредните денови, ќе го блокираат со протести 24/7.
