Водата во Гостивар не е безбедна за пиење

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Од ЈП „Комуналец“ од Гостивар е добиено известување во Центарот за управување со кризи дека поради контаминација предизвикана од обилните врнежи од дожд, најновите физичко-хемиски и микробиолошки анализи потврдуваат дека водата од јавната водоводна мрежа во моментов не е безбедна за пиење.

До натамошно известување, од ЈП „Комуналец“ од Гостивар да не се пие водата од чешма, од водоводот.