Водата во Куманово поскапе за 24%

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поскапе водата во Куманово за 24%, или за 12,5 денари за метар кубен. Наместо досегашните 52.98 денари, ЈП Водовод ќе наплаќа 65,54 денари за снабдување со вода, собирање, одведување и прочистување на отпадните води за метар кубен.

„Зголемувањето на цената на водата за оваа година е за 24 проценти. Просечната сметка за потрошена вода по корисник во 2023 година изнесуваше 700 денари, сега сметката ќе биде повисока за 165 денари и ќе изнесува 865 денари, или на годишно ниво би изнесувало 2.016 денари. За 2025 година зголемувањето ќе биде 28 проценти и или 68.06 денари и во 2026 уште за 4 проценти или 70.59 денари“, го образложи предлогот директорот на ЈП „Водовод“ Оливер Стојмановски пред советниците на седница во Советот на Општина Куманово, кажувајќи дека корекцијата на цената е законска обврска наложена од Регулаторната комисија донесена уште во јануари годинава.