ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ информира дека водата за пиење во Град Скопје е безбедна за консумирање, согласно резултатите од последните анализи.
Според соопштението, Секторот за санитарна контрола извршил контрола на квалитетот на водата во периодот од 7 до 11 септември 2026 година. Биле земени вкупно 174 примероци за физичко-хемиски анализи, како и исто толку примероци за микробиолошки анализи, од 54 мерни места на територијата на Град Скопје. Сите испитани примероци се во согласност со барањата утврдени во Правилникот за безбедност и квалитет на водата за пиење.
Од ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ посочуваат дека неделниот извештај се објавува со цел граѓаните да бидат информирани за квалитетот и безбедноста на водата со која се снабдува градот.
