Во последните 24 часа, на територијата на земјава се пријавени 11 пожари на отворен простор. Од нив, еден пожар сè уште е активен, додека останатите 10 се локализирани и изгаснати.
Активниот пожар е регистриран во Општина Македонски Брод, во близина на селото Белица, во реонот на Кајорец. Според пријавите, пожарот зафатил нискостеблеста и мешана шума.
Во овој период не е пријавен ниту еден друг пожар кој е ставен под контрола.
Меѓу изгаснатите пожари е и оној во село Рашче, Општина Сарај, каде што била зафатена ниска вегетација. Пожар е изгаснат и во село Конско, Општина Гевгелија.
Во Општина Струга интервенирано е на два пожара. Во Татеш биле зафатени слама и ниска вегетација, додека во Велешта пожарот зафатил ниска вегетација.
