„Водата во Скопје е безбедна за пиење“ – Институциите: Нема ризик од „ешерихија коли“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Еве, оваа чаша е со обична вода од чешма. Можам да кажам дека ја имаме најдобрата вода!“

Пиејќи вода од чешма, градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски ја започна прес-конференцијата по неколку објави на социјалните мрежи дека водата од водоводниот систем на главниот град е загадена.

Водата во Скопје е чиста за пиење, велат и од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.

Во вчерашниот извештај од мониторингот на водата од Секторот за санитарна контрола, земени се 42 примероци од мрежата за водоснабдување на градот, од кои 4 од делот на бунарите Нерези – Лепенец, и тие покажале дека водата е безбедна за консумирање.

Градоначалникот на Скопје Ѓорѓиевски рече дека оние кои шират дезинформации ќе бидат кривично гонети.

„Ова е организиран напад за ширење хистерија кај граѓаните во Скопје, со ширење паника за политички поени, но ова ќе има последици бидејќи овој начин на ширење паника и хистерија. Разговарав со министерот за внатрешни работи и ќе бидат преземени мерки. Она што сакам да го повторам е дека водата за пиење од скопскиот водовод е безбедна и јас ја пијам, исто како и моето семејство и моето дете.“, порача Орце Ѓорѓиевски.

Од Инфективната клиника велат дека нема потврдена поврзаност дека пациентите кои моментално се хоспитализирани на одделението за заразни болести од бактеријата „Ешерихија коли“ се предизвикани од пиењето вода во главниот град. Директорот Фадил Цана рече дека овој број е вообичаен за овој топол период од годината.

„Она што можам да го кажам јас како директор на Инфективната клиника е дека немаме такви податоци дека во клиниката има пациенти со гастроинтестинални инфекции, доколку имаше, ќе се појавеа причините. Досега има нормално зголемување на бројот, според топлото време се очекуваше зголемување и повеќе, но оваа ситуација е добра за нас бидејќи сега имаме случај со инфекција од Западнонилска треска. Бројот е зголемен, но не над нормалното, во споредба со изминатите години е на исто ниво.“, вели Фадиљ Цана.

И Агенцијата за храна и ветеринарство ги демантира информациите во јавноста дека водата од системот за водоснабдување на Скопје е небезбедна за пиење поради наводното присуство на бактеријата „Ешерихија коли“. Според нив, примероците се тестираат со физичко-хемиски и микробиолошки анализи во акредитирани лаборатории, во согласност со Правилникот за барањата за безбедност и квалитет на водата. АХВ ги повикува граѓаните да не се плашат, бидејќи водата во водоводот на главниот град е безбедна за пиење.