„Водостопанство“ со блокирана сметка – УЈП: Од 30 бизниси на Бит Пазар, 28 се со неправилности

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Работеле, а плата не добиле. 7.565 граѓани не добиле плата во месец февруари, во март пак 11.612 вработени не добиле плата. Ова го покажуваат податоците од Управата за јавни приходи кои денеска на брифинг со новинари ги соопшти директорката Сања Лукаревска.

М-ПИН пријави – февруари 2023

Вкупно работодавачи: 69.059

Вкупно вработени: 554.237

Работодавачи кои платиле пресметка: 46.584

Работодавачи кои не платиле пресметка: 2.403

Работодавачи кои не поднеле пресметка: 5.136

Вработени кои не добиле плати: 7.565

М-ПИН пријави – март 2023

Вкупно работодавачи: 69.056

Вкупно вработени: 555.161

Работодавачи кои платиле пресметка: 56.073

Работодавачи кои не платиле пресметка: 7.367

Работодавачи кои не поднеле пресметка: 5.716

Вработени кои не добиле плати: 11.612

На брифингот беше споделено и дека од 30 извршени контроли кај даночни обврзници на Бит Пазар, дури кај 28 биле констатирани неправилности од неиздавање на фискална сметка, неуредно водење на книги или немање на резервен фискален апарат. Од вкупно 13 контроли, кај 4 поликлиники во Скопје, утврдени се неправилности поради неиздавање на фискална сметка.

Соопштено беше дека блокирана е и сметката на акционерското друштво во државна сопственост за одржување на системите за наводнување „Водостопанство“ поради неисплатени плати. Должи 70 милиони денари.

УЈП во изминатиот период извршило контроли кај 33 златари во Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево и Битола при што утврдено биле дека 18 од нив воопшто не издавале фискална сметка, прикажувале нула промет или разлики меѓу вредноста и фискалната и до 200 илјади денари.

Контроли се вршел и кај т.н ризични даночни обврзници, а тука спаѓаат управители на 18 или 19 години, во сектор градежништво, како и директори на компании со странски капитал.