Возач на камион со македонски таблици загина во Бугарија по тешка несреќа на автопатот „Тракија“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Возач на камион со македонски таблици загина во Бугарија по тешка несреќа на автопатот „Тракија“

Според првичните неофицијални информации од МВР на Бугарија за ТВ21, околу 6.40 часот утрово се случила сообраќајна несреќа меѓу два камиони, по што едно лице загинало.

Еден од камионите бил со македонски регистарски ознаки и превезувал санитарна опрема.

Според првичните информации, камионот со македонски регистарски таблици застанал на лентата за итни случаи на автопатот, а до судирот дошло додека се обидувал повторно да се приклучи во движење.

На подрачјето на 160 километри од автопатот Тракија, сообраќајот се одвива по лентата за престигнување поради сообраќајната несреќа. Сообраќајот го регулира Сообраќајната полиција.

На местото на несреќата се уште во тек е увидна екипа и полиција.