Возел со 4,35 промили алкохол! Веднаш бил однесен во полициска станица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за внатрешни работи соопшти дека задржале лице во полициска станица, поради тоа што управувл возило со 4,35 промили алкохол во крвта. Настанот се случил во Кочани, а лицето било од село Митрашинци, беровско.

„На 20.07.2026 во 15:05 часот во Делчево, полициски службеницо од ОВР Делчево го лишија од слобода А.Т.(26) од с.Митрашинци, беровско. При сообраќајна контрола на бул.„Македонија“ во Делчево, полициските службеници сопреле патничко возило „ровер“ со беровски регистарски ознаки, при што било констатирано дека А.Т. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 4,35 промили алкохол во крвта.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, стои во објавата на МВР.