Возила стари повеќе од 80 години: Четврти пат Distinguished Gentleman’s Drive во Скопје

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На настанот кој е организиран во знак на поддршка на машкото здравје, добро облечени џентлмени возат класични возила стари повеќе од 80 години а скапи повеќе од 40.000 евра.

Игор Стефановски, организатор на настанот и претседател на клубот Џентлменс Кру Скопје, нагласи колку е важно да се зголеми свеста за здравствените проблеми со кои се соочуваат мажите и ги охрабри присутните да се вклучат во овој значаен настан.

ТВ21: Како започна настанот и која е идејата?

– Gentlemen’s Drive и Gentlemen’s Ride се хуманитарни меѓународни настани коишто се случуваат и се организираат со цел подигање на свеста против борбата на ракот на простата односно подигнување на свеста за машкото здравје. Конкретно настанот со автомобилите значи Џентлменс драјв отпочнат е на светско ниво пред четири години, ова е четвртото негово издание. Скопје веќе четврта година е на светската карта на организатори на настанот, иначе настанот оригинално доаѓа од Австралија по иницијатива на Марк Хава е човекот којшто го има стартувано настанот во Австралија токму како движење. Бидејќи еден од нивните колеги во клубот го загубил животот, ја загубил борбата со ракот на простата. Они дошле до идеја да го популизираат и да го активираат настанот за да ја истакнат борбата против ракот на простата, изјави Игор Стефановски, организатор на настанот и претседател на клубот Џентлменс Кру Скопје.

ТВ21: Во колку држави се одржува овој настан?

– Настанот е како што кажавме глобален, се одржува во целиот свет на исти ден 29-ти септември. Повеќе од 62 држави во цел свет повеќе од 200 градови. Значи изгледот на настанот и датумот се посебно одбрани за да практично може да ги забележите се возат историски возила односно популарни Олд-тајмери и сите учесници се костумосани или дотерани со тоа сакаме да претставиме на заедницата, на општеството, на луѓето околу нас дека треба да почне да се зборува за ракот на простата. Сакаме да иницираме превентивни прегледи на машката популација односно на нашите сограѓани. Дури и еден човечки живот да спасиме со промоцијата на овој настан е доволно и настанот ги оправдува организациите, вели Стефковски.

ТВ21: Колку автомобили има денеска и учесници и од кои градови, држави?

– Денеска имаме повеќе од триесетина историски возила на нашиот настан. Покрај домашните односно учесниците од цела Македонија имаме гости учесници од Србија, Косово, тие ни се традиционални гости, традиционални пријатели со коишто имаме и одлична соработка и многу ни е драго дека иницијално идејата на овој настан е да биде градски настан, да биде локален настан бидејќи организацијата се случува на градско ниво, но за наше задоволство ние имаме пријатели и од околните држави, имаме од другите градови од Велес, имаме од Гевгелија, имаме од останатите градови од Тетово, така да многу ни е драго дека приказната ја шириме веќе и регионално и вон границата на Македонија, изјави Игор.

ТВ21: Кое е правилото за учество на овој настан?

– Настанот има пропишани правила за учество. Возилата коишто учествуваат на настанот мора да бидат постари од 40 години, и се разбира нивните сопственици да бидат убаво дотерани, претставителни бидејќи сакаме настанот да го пренесеме во најдобро светло а и на крајот на денот нели настанот се вика возењето на господата така да затоа сме и сите костумосани и дотерани во чест на денот, вели Стефановски.

Стефановски на денешниот настан учествуваше со Fiat 850 Abarth реплика, автомобил од 1967 година.