Властите во САД ја истражуваат експлозијата на „Тесла Сајбертрак“ пред хотелот Трамп Лас Вегас во Невада како можен терористички чин.
Полицијата во Лас Вегас соопшти дека ка истражува експлозијата на влезот од хотелот и дека јавноста била предупредена да ја избегнува областа, иако пожарот бил изгаснат.
Според официјалните информации, возачот го возел возилото до камериерскиот дел на хотелот, каде што се случила експлозијата. Возачот загинал и моментално е единствената жртва на инцидентот, додека седуммина минувачи се здобиле со полесни повреди, соопштија надлежните.
Инспекторите сè уште не знаат што ја предизвикало експлозијата – дефект на возилото или надворешен фактор. Утврдувањето на причината за експлозијата е од клучно значење за истрагата.
Официјален претставник запознаен со истрагата изјави за ABC News дека во возилото имало пиротехнички средства. Инспекторите итно работат на утврдување на мотивот и дали возачот имал намера да предизвика експлозија.
New footage shows the Tesla Cybertruck exploding at the entrance of the Trump Hotel in Las Vegas. WATCH pic.twitter.com/GAnY4DATYp
— Republicans against Trump (@RpsAgainstTrump) January 1, 2025
