Возило изгубило контрола и удрило во карпа – две лица повредени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 26.07.2020 околу 17.20 часот на регионалниот пат Виница – Берово, на место викано „Кошето“, атар на с.Будинарци, беровско, В.Б.Л.(31) од с.Митрашинци, беровско, управувајќи патничко возило „сеат алтеа“, со беровски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во карпа.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил седумгодишен сопатник, а со телесни повреди се здобила В.Б.Л., констатирани во Клинички центар „Систина“ – Скопје, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа на Одделението за внатрешни работи Берово.