Возило од 1970-те се продава за 1,35 милиони долари

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Малку модели на „Порше“ постигнале статус како моделот „911 карера РС 2.7“, а еден навистина редок примерок се продава во Калвер Сити, Калифорнија, САД.

Автомобилот беше првпат претставен на Саемот за автомобили во Париз во 1972 година во спортска и рекреативна верзија, а сите примероци беа брзо распродадени. Аукциската куќа „Сотби’с“ сега нуди автомобил што сменил неколку сопственици, а додека бил во посед на колекционерот Марк Хајнинг во средината на 1980-тите, му била извршена целосна реставрација.

Хајнинге откри дека претходниот сопственик поставил пошироки браници, но тоа не се оригинални делови. Предните браници подоцна биле модифицирани, а фабричките задни му биле вратени за автомобилот да личи на првобитната состојба.

Автомобилот е придвижуван од 2,7-литарски атмосферски 6-цилиндричен мотор кој има 210 коњски сили развива 266 њутн-метри.

Не се наведува колку километри минал автомобилот, но цената е 1,35 милиони долари.