Вознемирувачки видео снимки – разорни земјотреси го погодија Нов Зеланд, земјата не мирува со часови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Областа на Нов Зеланд беше денеска погодена од серија силни земјотреси. На социјалните мрежи се појавија вознемирувачки видео снимки од трепет на земјата.

Најсилниот е регистриран со јачина од 7,9 степени според Рихтеровата скала во 08:28 часот по локално време. Епицентарот на земјотресот бил на новозеландскиот остров Кермадец, на длабочина од 10 километри.

На социјалните мрежи се шират видео снимки од земјотресот, што нема да ги остави рамнодушни ниту најхрабрите.

Објавена е опасност од цунами којашто ќе трае со часови. Жителите се евакуираат.

Силен земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на Нов Зеланд во 2:27 часот по локално време.