Вработените по Рамковен добиваат работа – реорганизација и намален број до попрофесионална администрација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Започна распределбата на вработените според Рамковен договор, кои сега седеа дома и примаат плата, информира Министерот за информатичко општество, Јетон Шаќири. Според него, процесите на признавање на нивните факултети е во почетна фаза, додавајќи дека во нивното систематизирање се зема предвид и нивната стручност.

„Верувам дека сите ќе се систематизираат на соодветен начин и оти ќе нема такви кои нема да го прифатат понуденото работно место. Ние можеме да имаме разлики и можеме да имаме раскинување на договорите поради одредени причини. Сето ова зависи од органите кои се компетентни и одлучуваат за ова. Ова прашање е индивидуално и зависи од волјата на секој“, истакна Јетон Шаќири.

Во однос на оваа прашање, Претседателот на Собранието, Талат Џафери во емисијата Клик Плус на ТВ21 изјави дека „домашните администратори“ не можат да бидат отпуштени.

„Од аспект на носење одлуки, некој може да донесе одлука некој да остане без работа, од правен аспект, врз основа на правата, јас мислам дека нема простор, бидејќи дури и да се случи, тој го добива правото да се врати на работа, дури и да добие компензација“, посочи Талат Џафери.

Од министерството за информатичко општество потенцираа дека со реорганизирање и со намалување на бројот на вработени ќе се добие попрофесионална администрација.

Пред две недели ресорното министерство објави дека доколку некој од вработените според Рамковниот договор, кои сега седат дома и примаат плата, доколку двапати одбиле опција за работа  во некоја од институциите, ќе му биде раскинат работниот однос.