Вработените во ДПИ-Куманово без унапредување, директорката вели случајот ќе биде разгледан

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Што ќе се случи со вработените во Пазарниот инспекторат во Куманово кои со години не добиваат унапредување? Завршиле факултет, но се плаќаат како да се со средно образование. Директорката на Инспекторатот, Анета Симеска-Димоска вели дека не е целосно запознаена со ова прашање, но уверува дека откако дошла на чело на институцијата се соочила со овој проблем.

Дел од вработените со кои пред неколку дена поразговара екипата на ТВ21, велат дека испратиле поплаки и барања, но дека не наишле на слух. Но, директорката Димоска уверува дека во 2021 година само двајца вработени поднеле барање за признавање на универзитетската диплома и добивање унапредување. Унапредувањето се врши согласно потребата на институцијата, објаснува Димоска.

Еден од вработените кој не добил унапредување минатата недела рече дека тие кои бараат унапредување ги исполнуваат условите и дека според законот до сега требало да бидат унапредени. Ќе продолжат да се жалат, а доколку нема одговор, сметаат дека решението е да си заминат.


-Јас, а и моите колеги сме оценети со одлични оценки за работата што ја вршиме, но не напредуваме, како што се вработивме, така останавме. Ова е последна жалба. Не добив одговор од Пазарниот инспекторат. На крај ќе си заминам од тука бидејќи не вреди за 14.700 денари, навистина не вреди, вели Мустафа Мурина.


Инаку, отворен е конкурс за вработување во Пазарниот инспекторат за што директорката Димоска рече дека според систематизацијата тие места се слободни и дека за тие места е потребно вработување.