Вработување за 1.117 лица во здравство – ВМРО-ДПМНЕ: Ова е предизборен поткуп

НАЈНОВИ ВЕСТИ

1 117 нови вработувања како медицински кадар и помошно-технички работници, хигиеничари и шофери, кои долги години работеле без здравствено и пензиско осигурување добија трајно вработување. Премиерот Димитар Ковачевски, вели дека ова е една од мерките за задржување на лекарите во земјата.

Бројот од 1.117 на вработени, не ги опфаќа вработените со договор на дело, тогаш врз основа на кои критериуми се даваат решенијата?

Реагираа од ВМРО-ДПМНЕ. Од таму велат дека ваквите вработувања на власта се обиди за поткуп на гласови.

Побаравме став од Здравствениот синдикат, но од таму не сакаа да ја коментираат оваа одлука бидејќи, како што нагласија, не се известени детално за одлуката.