И покрај тоа што на социјалните мрежи и неколку портали кружи вест дека во општината Врапчиште бројот на заразени со Ковид-19 е голем и дека властите не преземале ништо, ТВ21 денеска ја посети општината за да ги провери ваквите тврдења. Не забележавме масовно движење на граѓани, а оние што ги анкетиравме рекоа дека поголемиот дел од времето го поминуваат дома и дека излегуваат само да купат храна.
„Не се плашам. Седам дома. Имам 58 години и добро е. Сите ги почитуваат мерките. Јас не стравувам. Излегувам кога треба да купам нешто, и веднаш се враќам дома“, вели жител.
„Седиме дома како сите. Седиме бидејќи така рече Владата“, изјави жител.
„Јас не стравувам од коронавирус, нормално е, народот тука се движи нормално“, додаде жител.
Градоначалникот на општина Врапчиште, Исен Шабани, рече дека во изолација биле 96 граѓани, но дега досега нема ниту еден позитивен случај. Во оваа општина се тестирани 12 лица кои допатувале од странство. Нивните резултатите се негативни, а како што објаснува Шабани, нема други жители кои се пожалиле на симптоми на вирусот.
„За среќа во о.Врапчиште нема ниту еден позитивен случај. Имаше такви кои допатуваа од земји со висок ризик како што се Германија, Италија, европските земји. 94 беа. Од нив, 48 беа во самоизолација 14 дена, а неделава завршуваат и останатите 46“, истакна Исен Шабани.
Општина Врапчиште заедно со о.Гостивар формираа и Кризен штаб кој двапати неделно излегува со заклучоци околу текот на состојбата со коронавирусот.
