Вреди го суспендираше законот за средно образование – повлечен е!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од коалицијата Вреди информираат дека го суспендирале законот за средно образование.

„По поднесувањето на амандманите од коалицијата ВЛЕН, Владата го повлече законот за средно образование.

Уште еднаш се докажа дека клучен фактор кој ги гарантира албанските интереси е само ВЛЕН.

Постапивме како што ни одговара. Без звук и без бучава. Во првото читање наредбата ја дадовме со тоа што воопшто не гласавме, а по потреба поднесовме амандмани. Како резултат на тоа, имаме повлекување на законот од страна на владата.

Националната интонација нема да има во училиштата во земјава, туку во Велес, затоа што ДУИ гласаше да се интонира македонската химна во таа општина.

ВЛЕН е гаранцијата дека нема да се носат еднострани закони како што се случуваше со ДУИ во минатото“, велат од Вреди.