ВРЕДИ и ВМРО-ДПМНЕ блиску до договор за министри и заменик министри, а потоа и за директори

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Разговорите меѓу ВРЕДИ и ВМРО-ДПМНЕ се уште траат. Биљал Касами од ВРЕДИ вели дека се блиску до договор за министри и заменик министри, но не спомна имиња.

-Сме пред финализација на договорот за првиот и вториот ешалон, всушност министрите и зм. министри, но не можам да дадам имиња бидејќи е многу неправедно партиските тела да ги добиваат информациите од јавноста, но откако ќе поминат во партиските органите, за викендот во партиските органи ќе добиеме одобрение за овој договор што го постигнавме, вели Биљал Касами од ВРЕДИ.

Се очекува ВРЕДИ да раководи со одреден број на институции, за кои, како што рече Касами, работните групи работат, бидејќи станува збор за голем број на институции.

Не, затоа што зборуваме за голем број на Управи, работните групи работат во различни области, некои министерства ги имаат финализирано, туку се работи за голем број и пред да завршат, не би сакал да дадам некој коментар, вели Биљал Касами од ВРЕДИ.

Иако не наведуваат имиња, во јавноста веќе се шпекулира дека одредени лица од ВРЕДИ ќе раководат со одредени ресори . Претседателот на ДД Изет Меџити се очекува да го управува Министерството за животна средина, додека претседателот на АА, Арбен Таравари се очекува да раководи со Министерството за здравство. Се очекува БЕСА да управува со Министерството за економија, додека за ова се шпекулира името на Бесар Дуримиши. Се очекува ВРЕДИ ги преземе и Министерството за евроинтеграции, добро владеење и социјална политика.